Многумина велат дека постојат приказни кои се создадени да се раскажуваат. Многумина и сметаат дека нашата приказна, приказната за Моменти е приказна која треба и заслужува да се раскажува.
Моменти ДОО е компанија која е основана во 2007 година и е производ на проектот ПСМ Фондација (новосоздадена фондација од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и СИНТЕФ, норвешка фондација), поточно натпреварот во изработка на бизнис план.
Приказната започна сосема случајно и непланирано, ако се земе в предвид професијата и делатноста со која се занимава тимот...
 |
По низата обуки и едукативни семинари за процесот на изработка бизнис план кој беше организиран од страна на ПСМ Фондацијата, започна целиот тој процес на неговата детална изработка. Најпрвин изготвивме кратка верзија на нашата бизнис идеја, за потоа истата да ја прошириме, да ја направиме конкретна, опиплива и реално спроведлива на пазарот во Македонија.
Додека работевме на креирањето на овој навидум “обичен“ документ, преку нашата истражувачка дејност наидовме на корисни информации за нашата понатамошна работа на ова поле. Спроведовме и анкета за потребата и желбата за ангажирање на планер на настани во секојневниот живот, опфаќајќи ги и приватниот и професионалниот став на анкетираните лица кон оваа тема.
Нашиот труд резултираше со добивање на втора награда, која се состоеше од парична награда, ваучер за изработка на интернет страница и кредитни картички. Сето тоа ни помогна за почеток да го реализираме својот сон, нашиот бизнис план и да станеме претприемачи. |